Геолошки завод за развој на рударството

Bez autora
Jul 01 2012

Државата ќе формира геолошки завод што треба да почне да функционира од први јануари следната година, предвидува Предлог законот чијшто текст го утврди Владата на последната седница. Причина за формирање на геолошкиот завод е значително зголемениот број на инвеститори во делот на минералните суровини, како и големиот потенцијал на државата во оваа област, што за жал е недоволно искористен затоа што нема стручни податоци. Заводот ќе врши основни геолошки истражувања за изработка на основни геолошки карти коишто досега или ги немавме, или беа со многу стари податоци, а се значајни за натамошно истражување на наоѓалишта на минерални суровини. Ќе изработува и хидрогеолошки и геохемиски карти. Предлог законот за геолошки завод е заеднички проект на министерствата за економија и за животна средина и просторно планирање.

Геолошки завод за развој на рударствотоДржавата ќе формира геолошки завод што треба да почне да функционира од први јануари следната година, предвидува Предлог законот чијшто текст го утврди Владата на последната седница.

- Причина за формирање на геолошкиот завод е значително зголемениот број на инвеститори во делот на минералните суровини, како и големиот потенцијал на државата во оваа област, што за жал е недоволно искористен затоа што нема стручни податоци - образложи министерот за економија, Ваљон Сараќини.

Според него, Заводот ќе врши основни геолошки истражувања за изработка на основни геолошки карти коишто досега или ги немавме, или беа со многу стари податоци, а се значајни за натамошно истражување на наоѓалишта на минерални суровини. Ќе изработува и хидрогеолошки и геохемиски карти.

Предлог законот за геолошки завод е заеднички проект на министерствата за економија и за животна средина и просторно планирање. Придобивките од новиот државен орган, според министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми ќе бидат повеќекратни. Покрај геолошки истражувања за основни геолошки карти, работењето на заводот е значајно и за решавање на проблеми од областа на водоснабдувањето, геотехниката и за потребите на просторното планирање.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik